Тешка несреќа во Македонија: Се искршија мотор и велосипед, има повредени

Во 17 часот и 25 минути било пријавено дека во Велес на улицата “Димитар Влахов“ кај железничкиот мост се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Априлија“ со велешки регистерски таблици, управуван од 50-годишниот Ѓ.К. од Велес и велосипед „Крос“, управуван од 50-годишната Н.М. од Велес.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.М, а Ѓ.К. и сопатничката од мопедот Д.Т. се здобиле со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата болница Велес.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.04.2019 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега