СДСМ ќе ја враќа средната класа а програмата ја кроеше во луксуз

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред неколку дена од Берово вети враќање на средната класа, притоа пишувајќи ја програмата во најелитните и најскапите ресорти во земјава, СПА центарот Аурора, јави Курир.

-Со задоволство можам да кажам дека можеме да обелодениме дека создаваме документ во кој ќе ја враќаме средната класа во Република Македонија, рече Заев.

Како што пишува Курир, новото раководство на СДСМ говори за враќање на средната класа, а документот со кој се тврди дека тоа ќе се оствари се кроеше во еден од најскапите и најлускузните ресорти во земјава, СПА центарот Аурора во Берово кој има пет ѕвездички и е направен по светски еко стандарди.

Познавачите сметаат дека е лицемерно СДСМ да говори за сиромаштија и враќање на средната калса во земјава, а притоа програмата да ја пишува во луксуз. Политичкиот аналитичар Ивица Боцевски прашува треба ли да се потсетуваме кој ја уништи средната класа во Македонија, алудирајќи на 90-тите, транзицијата, приватизацијата...

-Убиецот секогаш се враќа на местото на злосторството! Треба ли сега да потсетуваме кој, кога и како ја уништи средната класа во Македонија?!? (помош: 1990-тите, транзиција, приватизација, санкции кон Србија, деиндустријализација ...) Не знам кој ја крои политичката и медиумската стратегија на СДСМ, но повторно тргнаа „боси по трња“ и потоа ќе се чудат зошто никој не ги есапи и зошто не може ни да припарат до власт!, напиша Боцевски на неговиот Фејсбук профил, пренесе Курир.

02.10.2013 - 14:40

најчитано сега