Излетал во спротивна лента и удрил во столб - Тешко повреден кичевчанец

Во текот на вчерашниот дена во 13 часот и 45 минути на улица „Ужичка“ во Кичево, 56-годишниот Р.Ц. управувајќи патничко возило „лада нива“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, преминал на спротивната коловозна лента и удрил во бетонски столб.
-Р.Ц.се здобил со тешки телесни повреди и пренесен во Општата болница во Кичево, а потоа и во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР- Охрид.
22.04.2019 - 12:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа