Приведено едно лице на гласањето во Битола
Во 18 часот и 20 минути во СВР Битола било пријавено дека во селото Острец, битолско, на гласачко место број 156, било фатено момче како го слика ливчето за гласање.
Се работи за 26-годишниот С.Ќ. од селото Велушнина со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче.
Тој бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 163 став 1 од Кривичниот законик.
22.04.2019 - 14:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа