Детали за ужасното убиство во Македонија: Го чекале во заседа па го изрешетале со детето
Ужасно убиство ја потресе македонската јавност кога вчера во Слупчане беа изрешетани татко и неговото деветгодишно синче во автомобил.
Елам Селахи кој беше пронајден убиен со неговиот син во Опел Астра, бил брутално ликвидиран, а бил лихвар по професија, познат по високите камати. Убијците го чекале сокриени зад дрва во темница, пред ладнокрвно да отворат оган над автомобилот со затемнети прозорци на 47-годишникот, пренесе Телма.
Жителите веднаш повикале полиција потресени од настанот.
Убијците, за кои се претпоставува дека биле двајца, користеле автоматско оружје.
Извори од МВР за „Телма“ потврдиле дека два пати бил пријавуван за обид за убиство, бил фатен со нелегално оружје и нападнал полицајци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа