Седум лица повредени во сообраќајки во Скопје

 

Седум лица се полесно повредени во четири од вкупно осум сообраќајки евидентирани во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје.

Санционирани се 18 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволеното, исклучени се од сообраќај десет лица пред да се стекнат со право на возење, како и 11 нерегистрирани возила, две со претовар и едно технички неисправно.

Изречени се 86 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ подигнал 59 возила.

Шестмина возачи поминале крстосница на црвео светло, петмина не носелесигурносен појас, 11  зборувале на мобилен, двајца се престроиле неправилно.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници од областа на сообраќајот во СУГС „Сарај“ во општина Сарај.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега