Руфи Османи: Мобингот и клеветите на Невзат Бејта невиден преседан во политичката сцена

Претседателот на НДП, Руфи Османи, денеска во Гостивар одржа прес конференција во врска за работите на општина Гостивар.

-Прес конференцијата се однесува за работата на општина Гостивар, неоснованите обвинувања на Нeвзат Бејта кој перманентно ги прави врз РДК-НДП и кои кулминираа на последната седница на општинскиот совет на ден 25.09.2013 год, стои во соопштението од НДП.

Османи обвинува дека сите проекти кои се промовирани а финансирани од Светска банка, КHW Банка , IBRD и промоцијата на Економско-социјалнит совет со УСАИД и промицијата на Регионалниот центар во ВРУТОК како дел од IPARD програмата се ексклузивен допринос на општината од мандатот 2009-2013 и, како што вели тој, актуелното раководсво нема никакава заслуга.

-Активностите на општина Гостивар по изборите на април 2013 се исполнети со многу неуспеси и нелегални активности. Кулминацијата на овој неуспех на ова раководството несомнено е ребалансот и намалувањето на буџетот за 2013 со кој чин се докажа дека општинското раководство нема менаџерски капацитет да обезбеди јавни пари, како предуслов за обезбедување на јавни добра. За помалку од 6 месеци ова раководство ја зголеми цената на водата и канализација за 100%, ги покачи општински даноци за 50% а од неодамна им наметна на граѓаните на Гостивар и такса за одржување на гробиштата од 1.200 ден на годишно ниво за гробиштата на сите починати луѓе, рече Османи.

Тој додаде дека „неуспешноста во реализација на буџетот се должи на незаконските одлуки за прифаќање на нелегалните аванси платени во ЈП Гостивар во стечај, уништувањето на хуманите ресурси во општина, распуштањето на одделот за легализација на дивоградбите и наплата на даноци како и неуспехот за повлекување кредити обезбедени од странски банки од кадри на НДП во периодот 2009-2013“

Османи на денешната прес-конференција ја обвини локалната власт во Гостивар за низа нелегални активности поврзани со урбанизмот и реализирањето на капитални инвестиции. Оценувајќи се себеси како “најчесниот градоначалник на национално ниво и пошироко“, тој рече дека обвинувањата на Бејта се само клевета за која ќе одговара пред сид.

-Невзат Бејта на 18.04.2013 ме обвини дека наводно имам потрошено 1.2 милион евра од буџетот на незаконски начин во текот на изборната кампања. Откако му покренавме тужба во судска седниц,а неговиот адвокат немајќи никакви аргументи заклучува дека е изваден од контекст и доставува извештај од буџетот јануари-март 2013 кој не преставува никаков доказ. Сите исплати кои се направени  врз  товар на буџетот во периодот јануари-март 2013, се легални и се поврзани со извршени работи во претходната година врз база  на законски тендери. Преку соопштението издадено од страна на општина Гостивар на 25.09.2013 се прави следното обвинување и клевета, наводно дека имам незаконски потрошено преку кофинансирање во капиталните проекти износ од 11.000,000 денари односно според него 200 илјади евра. Во сите капитални инвестиции кои се реализирани преку кофинансирање општина Гостивар го исплатила само делот кој бил тендериран, другиот дел е покриен и договорен од самите граѓани и економските оператори. За плаќањата кои се придонес на самите граѓани како што е случајот со базенот во Дебреше и други случаи каде се префрлани средства во општинскиот буџет, има точна евиденција во општинското сметководство која ќе ја презентираме пред надлежниот суд, рече денеска Османи..

Тој најави дека Бејта ќе се соочи тужба, порачувајќи му да собира материјални докази и да се појавува на суд.

-Руфи Османи како доктор на економски науки и човек симбол на честа и моралот во мандатот 2009-2013 беше несомнено најчесниот градоначалник на национално ниво и пошироко и е еден од најзаслужните лица кој ја спаси општина Гостивар од колапс како резултат од неодговорното раководство на ова лице во мандатот 2005-2009”, изјави Руфи Османи.

 

03.10.2013 - 12:23