Понесете си чадор: Утринава сонце, но попладне повтороно промена

Денеска времето ќе биде сончево со умерена облачност, попладне значително облачно со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 20 Целзиусови степени, Маврво 11, Охрид 16, Битола 18, Кавадарци 21, Крива Паланка 16, Берово 15, Дојран 22.

И утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне со локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 13 степени во Маврово, Охрид 18, Скопје 22 до 25 степени во Дојран.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.05.2019 - 07:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега