Иванов заминува од Вила Водно во недела - Џафери вели ќе закаже седница, макар уверението стигнало претпладнето

Претседателот на Собранието Талат Џафери потенцираше дека седница ќе има во недела, без оглед кога Пендаровски ќе го добие уверението од ДИК.

-Седница мора да има, во недела е последен ден од мандатот на Иванов и не смее да се случи пауза. Седница во недела ќе закажам, макар уверението стигнало во сабота или во недела претпладне, изјави Џафери за весникот ВЕЧЕР.

За три дена, претседателот Иванов треба да се отсели од Вила Водно. Но, каде ќе замине оттаму и дали ќе ги искористи привилегиите што му следуваат, се уште не открива. 

Законот за правата на поранешниот претседател, донесен во 2004-та година, му обезбедува на Иванов пензија од стотина илјади денари месечно, колку што зема актуелниот шеф на државата.

Му следува и канцеларија со тројца вработени по негов избор, лично обезбедување, службено возило и возач.

 

Овие права ги користеа и ги користат и претходните претседатели.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.05.2019 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега