Италијанскиот амбасадор Ромео до Пендаровски: Северна Македонија со вас ќе напредува

Италијанскиот амбасадор Карло Ромео лично и во име на неговата земја му го честиташе изборот на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија, посакувајќи му „успешно извршување на високата задача доверена од народот“.

Амбасадорот Ромео на средба со Пендаровски му го предал писмото со честитка кое го објави и на својот Твитер. Во него пишува дека Италија ги поддржува реформските чекори на земјава во перспектива на европската и евроатлантската интеграција и дека ќе продолжи да ги поддржува конструктивните дела на Скопје за плодоносна регионална соработка.

– Убеден сум дека во текот на Вашиот претседателски мандат Република Северна Македонија ќе достигне дополнителен конкретен напредок, неопходен за нејзина што е можно поскора интеграција во заедничкиот европски дом. Во тој контекст би можеле заедно да го консолидираме билатералното партнерство и уште повеќе да ги зацврстиме политичките, културните и економските врски кои уште одамна ги спојуваат нашите две земји. Со овие честитики, Ви изразувам најискрени желби за Ваша лична благосостојба, како и за просперитет на пријателскиот народ на Северна Македонија, пишува во писмото од италијанскиот амбасадор Карло Ромео до новоизбраниот претседател Стево Пендаровски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.05.2019 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега