Убиство во тетовско Прељубиште:Странски државјанин пронајден мртов

 

 

Државјанин на Холандија, сопственик на расадник за украсни дрвца во тетовско село Прељубиште е убиен на имотот, дознава МИА од  извори во истрагата.

Од СВР Тетово информираат дека во полицискиото одделение во Јегуновце е пријавено дека има најдено мртво тело на имотот на расадникот „Еуроплантс“.

-Полициски службеници како и јавен обвинител се заминати за Прељубиште за да започнат увид. Од увидот треба да дознаеме повеќе детали за случајот, соопштија од СВР Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.05.2019 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега