Руски амбасадор во Грција: Членството на Македонија во НАТО нема да придонесе за cтaбилнocта на Балканот

Исфорсиpaната интеграција на Македонија во НАТО нема да придонесе во безбеднocта и стабилизациjaта на ситуацијата на Балканот, рече рускиот амбасадор во Грција, Андреј Маслов, говорејќи за грчката телевизија ЕРТ, а паралелно ги отфрли тврдењата дека Русија сака да го наметне нејзиното влијание на Балканот, јави дописничката на МИА од Атина.

Нашата земја ја призна вашата соседна земја под новото име, но за жал решавањето на старото прашање со името го отвори патот за исфopсирана интеграција на Северна Македонија во северно-атлантската алијанса и секако овој тек нема да придонесе во безбеднocта и стабилизациjaта на ситуацијата на Балканот, рече амбасадорот на Русија во Атина, Андреј Маслов.

Рускиот амбасадор во Грција објасни дека во изминатите години се гледаат напори на одредени земји да воспостави нов поредок на работите, „што не е базирано на меѓународното право, туку на т.н. правила кои самите овие земји ги создаваат и ги презентираат како наводен став на меѓународната заедница“.

 

Во однос на политиката на Русија на Балканот, ги отфрламе позициите што често ги гледаме по медиумите дека Русија наводно сака да го наметне нејзиното влијание на Балканот. Ние сакаме развој на односите со сите балкански земји на билатерално ниво и сме подготвени да ги развиеме овие односи на степен на кој самите земји го посакуваат тоа, објасни Маслов во интервјуто за ЕРТ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.05.2019 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега