Заев со честитка за Пендаровски: Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ

Претседателот на Владата, Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на Претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

„Денес нашата земја добива претседател - тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење.

Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

Драг Стево,

Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво.

Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. 

Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.

Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе, и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ", кажа Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2019 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега