Се лизнал и паднал од прв кат - маж заврши на Ургентен
Маж се здобил со тешки повреди по пад од прв кат од фирма , по што веднаш бил однесен во болница информира МВР. Вчера во 10:30 часот во Куманово, на ул. „3-та Македонска Ударна Бригада“, додека 31-годишниот Б.А. од Куманово , вработен во приватна фирма, работел на објект во еден момент од засега непознати причини се лизнал и паднал од први кат на објектот при што се здобил со тешки телесни повреди.Истиот бил пренесен во Општата болница Куманово, од каде, заради тежината на повредите бил префрлен во Ургентен центар во Скопје.
12.05.2019 - 11:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа