Скопски автомобил се запали во Кочани па сам се придвижил и удрил во стамбена зграда

 

Синоќа во 21 часот и 50 минути вработен во Територијалната против пожарна единица од Кочани пријавил дека на улица “Стево Теодосиевски“ во Кочани од пожар било зафатено патничко моторно возило “Цитроен Пикасо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на лицето Т.Л (53) од Скопје .

Пожарот избувнал во пределот под уредот за управување и ја зафатил електричната инсталација , по што возилото само се придвижило наназад и удрило во соседната зграда.

Пожарот бил изгаснат од страна на ТППЕ-Кочани.По овластување на Јавен обвинител извршен е увид налице место.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2019 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега