Полицијата го барала една декада - скопјанец уапсен во Италија

 

Скопјанецот С.Д.(34), кого италијанската полиција го барала една декада поради милионски измами, бил уапсен случајно пред една недела на аеродромот во Милано, пишува 24 Инфо.

Тој веднаш бил спроведен во истражен затвор, откако судот во Милано му одреди притвор додека трае истрага за кривичните дела за кои се товари.

Според полицијата, измамата скопјанецот ја извршил во 2010 година, откако стапил во контакт со златар од Германија. Измамникот купувал накит по добра цена и нудел кеш, па Германецот стигнал на аеродромот „Малпенса“ во Милано за да му продаде осум дијаманти и ѓердан од антички дијаманти кои датираат од 1850 година. Златарот се согласил да ги продаде за 1.400.000 евра. Измамникот му ги покажал парите, спакувани во 70 пакетчиња од по 20.000 евра и му ги дал на Германецот по што си заминал. Набргу златарот сфатил дека парите се фалсифиувани па го пријавил случајот во полиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2019 - 08:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега