Маж и жена од Пробиштип отишле да работат во Бугарија - Им ја запалиле ординацијата

 

Сопруг и сопруга од Пробиштип кои работат како стоматолози, заминале во Бугарија со своите деца, за таму да работат, но им се случил хорор. Тие како што пишува бугарски Новините, отишле да работат како заболекари во Ново Делчево крај Сандански, но ординацијата им е запалена во смислен напад со запаллива течност.

Дека изнајмениот простор бил запален потврдил и градоначалникот Валентин Апостолов. 

Стоматолозите оделе да работат во петок, сабота и недела, додека пак за преноќување заминувале во Сандански. Така работеле четири години, се додека не им фрлиле низ прозорец запаллива течност, а штетата е  10.000 евра. 

Новините пишува дека најверојатно пожарот е подметнат поради конкуренција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2019 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега