Толку беше: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја раскинаа коалицијата во Струга

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја раскинаа коалцијата во Струга. Крајот на политчката „љубов“ ја објави опозициската СДСМ. Од партијата велат дека на ваков чекор се решиле откако од ВМРО-ДПМНЕ отстпаиле од договорот, Претседавач на Советот на општина Струга да не биде од коалицијата „Заедно за Струга“.

„Личните и партиски интереси на ВМРО-ДПМНЕ се ставени над интересите на граѓаните на Струга. ВМРО-ДПМНЕ отстапи од принципот на коалиционен договор со СДСМ и прифати претседавач на Советот на општина Струга да не биде од коалицијата „Заедно за Струга“. Владејачката партија манипулира исклучиво за лични и партиски интереси. Нема друго оправдување за овој неразумен потег.  Коалицијата „Заедно за Струга“ беше договорена токму за претседавачкото место во Советот, коешто требаше да го добие коалицијата, во интерес на граѓаните Македонци од Струга.“ - стои во партиското соопштение на СДСМ Струга

Од ВМРО-ДПМНЕ се уште не успеавме да обезбедиме реакција.

04.10.2013 - 12:36

најчитано сега