Антиќ: Не сум престар за НБА - сеуште сум во добра форма

За време на отворениот тренинг за медиумите на Атланта Хокс, македонскиот кошаркар Перо Антиќ изјави дека не е престар за да игра во најсилната кошаркарска лига во светот.

-Знам дека се игра физички доста силно и брзо, со многу трчање. Се уште сум во добра форма, а можеби сите мислат дека сум престар за НБА лигата. Но, ми беше потребен нов предизвик и дојдов тука да се испробам. Колку што можам да забележам од досегашните тренинзи можам да бидам ОК во оваа игра со многу трчање, како во нападот така и во одбраната. Се уште треба да се докажувам, изјави Антиќ за „ Atlanta Journal-Constitution, на тренингот отворен за медиумите.

Дебито на Антиќ во дресот на Атланта се очекува на 7 октомври.

04.10.2013 - 13:21
Фото: 
зазабава

најчитано сега