Грозданоски: Комити, дојдете во Битола

Влатко Грозданоски, поранешниот македонски репрезентативец и едно од поголемите засилувања на Вардар во новата сезона верува дека неговата екипа има квалитет да дојде до посакуваниот триумф на најголемото дерби на мак-фудбалот закажано за в недела во Битола против лидерот Пелистер.
 
- Ние како актуелни шампиони очекуваме да освоиме три бода, без разлика што играме на гостински терен, без разлика што играме дерби против Пелистер, тим кој секако го респектираме. Знаеме дека е многу квалитетна екипа, но мислам дека Вардар има квалитет, полека се воигруваме иако има доста нови играчи за разлика од минатата година. Сигурно очекувам во Битола да оствариме добар резултат, а за мене добар резултат е победа, изјави Грозданоски за официјалниот веб-сајт на македонскиот шампион.
 
Грозданоски очекува да се надминат недоразбирањата на „Комитите“ со управата на клубот и Вардар, да ја добие нивната поддршка на гостувањето кај вечниот ривал.
 
- Се надевам дека Комитите ќе дојдат во Битола. Дербито не е дерби без двете навивачки групи. За нас како фудбалери сигурно многу значи навивачите да бидат таму. Сигурно тоа може да биде мотив повеќе да оствариме добар резултат, потенцира  Грозданоски

04.10.2013 - 20:43

најчитано сега