МВР со детали за трагедијата во Чаир - Младите момчиња починале на лице место

Околу 11.00 часот пријавено е дека во Скопје на улицата “Кемал Сејфула“ спроти поликлиника “Чаир“, при вршење ископ на земјиште за водоводна мрежа со багер управуван од 55-годишниот А.М. од Скопје, дошло до лизгање на земјиште и притоа затрупани биле три лица што работеле на ископот.

На местото на настанот биле испратени две екипи од Итна медицинска помош  и екипа од Бригадата за против пожарна заштита.  26-годишниот А. М. и 28-годишниот М. М.  починале на местото на настанот,  додека 55-годишниот Е.А. од Скопје со возило на итна медицинска помош е пренесен за укажување лекарска помош во ГОБ “Наум Охридски“.

Смртта на починатите ја констатирал доктор од Итната помош.

За настанот известени се дежурен Јавен обвинител и дежурен трудов инспектор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.06.2019 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега