Дисингер: Ние не сме соиграчи, ние сме 18 браќа

Кристијан Дисингер ја бранеше честа на Германците во Келн, како единствен ракометар од земјата домаќин на овој фајналфор турнир. Тој ќе се врати во Скопје со остатокот од тимот за денешната шампионска парада, но е свесен дека наскоро најверојатно ќе си замине од таборот на Вардар.

„Ние во Вардар не сме соиграчи, ние сме 18 браќа и токму тоа ни ја донесе титулата. Објавата на сопственикот за негово повлекување само уште повеќе не зближи, не направи помотивирани за финишот од сезоната. Секако дека сум пресреќен, одиме назад во Скопје каде што се најавува извонреден дочек. Неколку дена ќе славиме, а потоа ќе видиме. Немам договор, а според она што го слушаме Вардар нема да биде на истото ниво како досега. Се надевам дека тоа нема да се случи, дека ќе се најдат пари за овој проект да продолжи“ – истакнува Дисингер, пренесува Екипа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2019 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега