Карачиќ горд: Напишавме сценарио за холивудски филм

Игор Карачиќ како еден од играчите со најдолг стаж во Вардар воедно беше и најголем оптимист во таборот на „црвено-црните“. Вербата беше толку голема што и покрај болеста (висока температура неколку дена пред Ф4) и повредата, тој го даде максимумот и има значаен придонес за освоената круна, пренесува Екипа.

„Барселона беше голем фаворит, а ние дојдовме во Келн за да уживаме, да танцуваме на теренот. Уште не можам да објаснам што се случи во тоа второ полувреме, но најважно е што на крајот ние бевме тие што се радувавме. А финалето? Тоа ми беше најубав ден во животот. Не сакам да издвојувам никого, сите ракометари беа херои, напишавме сценарио за холивудски филм“ – истакна Карачиќ.

Тоа воедно беше и последен меч за хрватскиот ас во дресот на Вардар, негова следна дестинација ќе биде полскиот првак Кјелце.„Се надевам дека Полска ми беше правилен избор. Знам дека Кјелце е врвен клуб, познавам неколку ракометари, а имам и сличен темперамент со тренерот Талант Душебајев. Наскоро ќе почнам да учам полски јазик, за што побрзо да се адаптирам во новата средина“ – порача Игор Карачиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2019 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега