„Столе ти си наша икона“: Народот се поклони пред капитенот на шампионите

 

Вардарци добија грандиозна прослава по големата победа по која станаа европски прваци.

Народот се сплоти на скопскиот плоштад каде громогласно ги поздрави сите херои кои имаа учество во овој голем успех.

Сепак, најголемите заслуги му ги препишаа на капитенот Стојанче Стоилов.

Насобраниот народ му порача: „Столе, ти си наша икона“!

Стоилов не ја криеше гордоста што вторпат излегува пред илјадници фанови на плоштадот во центарот на Скопје, како освојувач на ракометната Лига на шампиони.

„Добро вечер, Скопје, добро вечер Македонија. Ова вторпат го кажувам: Скопски Вардар – европски првак.“

„Овие што ги гледате зад мене, тоа се најголемите амбасадори на нашата држава. Голем голем дел од нив не се Македонци и еден ден ќе си отидат во нивните држави. Ќе кажуваат, си беше еднаш еден Вардар, во една Македонија. Верувајте – најубавиот дел од нивните кариери ќе им биде Вардар. Да живее Вардар, да живее Македонија“ – дополни капитенот Стоилов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.06.2019 - 00:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега