Несреќа во Куманово - маж итно однесен во болница

 

Вчера во 10:55 часот било пријавено дека во Куманово на булеварот „Октомвриска револуција“ се случила сообраќајна незгода помеѓу  патничко моторно возило „Форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Ј.Д. од Куманово, и мопед „Кимко“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 57-годишниот Ј.Т. од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот бил извршен од увидна екипа од СВР Куманово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.06.2019 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега