РФМ со честитка за Вардар: Трофејот од ЛШ нека биде ѕвезда водилка во македонската историја

Македонскиот гигант Вардар ја направи горда македонската јавност, откако го освои трофејот во Лигата на шампиони вторпат за три години, па така на сите им докажа дека никогаш не треба да го отпишуваат предвреме.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска испрати честитка до Вардар и порача дека ова е огромен успех за македонската спортска историја.

„Момци,

Секоја чест за одржаната лекција по ракомет на деветкратниот европски шампион од Шпанија и четирикратниот претендент за титулата од Унгарија.

Огромно БРАВО за борбеноста, истрајноста, ислниот тимски дух, единството во составот и карактерот!

Нека двпати извојуваниот најпосакуван ракометен трофеј на стариот континент освоен под македонско знаме силно свети како ѕвезда водилка во македонската спортска историја.

Ви посакуваме вашата успешна приказна да продолжи со уште многу високи достигнувања!“, пишува во соопштението на РФМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.06.2019 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега