Шест милиони денари за ракометарите на „Вардар“ од Град Скопје

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и претседателката на Советот Љубица Јанчева денеска се сретнаа со ракометарите на РК „Вардар“ и на престедателот на клубот и на играчите им го врачија чекот од шест милиони денари.

– Град Скопје секогаш ќе стои зад европскиот шампион РК „Вардар“ затоа што нема подобар начин за промоција и афирмација на нашиот град. Им благодарам на ракометарите за подарената ракометарска топка со потписи и искажаната благодарност од нивна страна за помошта што Град Скопје ја даде за нивен достоинствен пречек, напиша Шилегов на својот фејсбук профил. 

Шилегов објави дека во неформален разговор со кафе и баклава, си ветиле дека ќе се видат и догодина на прослава за нова титула. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.06.2019 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега