Скопјанец уапсен откако полицијата изврши претрес во неговиот дом

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против 41-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. 

На 11.06.2019 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории кај пријавениот А.С. и при претресот биле пронајдени и одземени пиштол „CZ 100“ калибар 9мм, 10 куршуми калибар 9мм, 14 куршуми со калибар 7,62х39mm, кокаин, амфетамини и неколку предмети со остатоци од кокаин. Лицето било лишено од слобода и задржано во полициска станица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега