Тешка сообраќајка во Македонија: Возач загина на лице место

Вчера во 15 часот и 35 минути на магистралниот пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „МАН“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.Б.(52) од Радовиш и патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(57) од Скопје.

Според пријавеното од здобиените повреди, возачот на патничкото возило И.М. починал на местото на настанот.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега