Трагедија во охридско: Сечел дрва, му се слошило, па починал

Вчера во 17.15 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош било пријавено дека во атарот на село Вапила, охридско, на 32- годишен маж му се слошило па починал.

Имено при сечење на шума, на место викано „Бел Камен“, на 32- годишниот Н.Х од Република Албанија, со привремен престој во Охрид, околу 16.30 часот му се слошило, по што починал.

Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвините телото на починатиот било предадено за обдукција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега