Македонската полиција запре камион - Возачот веднаш приведен

Околу 14.30 часот на регионалниот пат Штип - Радовиш, на место викано „6-ти километар“, полициски службеници запреле товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот З.П. од селото Петровец, скопско.

При контрола во возилото биле пронајдени 40 мигранти  (26 од Пакистан, 10 од Сирија и 4 од Египет), од кои 12 се малолетници.

З.П. бил приведен и задржан во Полициската станица Штип, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.06.2019 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега