Полицијата врши претрес во домот на родителите на Бојан Јовановски

Полицијата вечерва врши претрес во домот на родителите на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во скопската насела Тафталиџе, пишува „Макфакс“

Порталот јавува дека пред семејната куќа на Јовановски има полициско возило, а на влезот од дворот може да се забележи припадник на полицијата со уште две лица.

Бојан Јовановски – Боки 13 попладнево беше уапсен на еден од граничните премини во државата на барање на Обвинителството за организиран криминал. Приведен и е бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој попладнево беше спроведен во Кривичниот суд на распит.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2019 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега