Полицијата влезе и во „1ТВ“ се врши претрес во канцеларијата на Боки 13

Полициски службеници вечерва по наредба на Јавното обвинителство влегоа во 1 телевизија и во домот на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, потврдуваат од ОЈО за ТВ21.

Од ОЈО издале наредба за претрес на канцеларијата и домот на Јовановски по денешното приведување.

 

Бојан Јовановски – Боки 13 попладнево беше уапсен на еден од граничните премини во државата на барање на Обвинителството за организиран криминал. Приведен и е бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој попладнево беше спроведен во Кривичниот суд на распит.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2019 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега