Триесет дена притвор за Зоран Милевски Кичеец

Бизнисменот Зоран Милески Кичеец доби 30 дена притвор неофицијално дознава Сител од извори во Судот.

Одлуката се очекува судијата на претходна постапка да ја објави во писмено соопштение по завршувањето на сите истражни дејства.

Зоки Кичеец е второосмничен во случајот во кој Бојан Јовановски познат како Боки 13 се товари за рекет од 1.5 милиони евра изнудени од познат скопски бизнисмен. Кичеец и Боки од рано попладнево се приведени. Боки "падна" на Богородица а Кичеец во скопски ресторан.

Пред малку како што јави репортерот на Сител од пред судот Кичеец беше изведен од судската зграда. Во неа се уште трае распитот на Боки 13.

Пртходно Сител објави дека полицијата и го одзема телефонот на Катица Јанева.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2019 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега