Крвава драма во Кавадарци: Му дошол на врата и го прободел

Вистинска драма се одвивала во Кавадарци синоќа кога кавадарчанец со остар предмет му нанел убодна рана на сограѓанин.

– Во Полициската станица Кавадарци, И.А.(38) од Кавадарци пријавил дека во неговиот дом дошол У.С.(20) од Кавадарци и започнал расправија со него во врска со паричен долг. Според пријавеното, И.А. со остар предмет на У.С. му нанел убодна рана. На У.С. му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци, појасни денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Повредениот бил задржан во станица  и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега