Скопјанец паднал во автобус - Итно префрлен во болница

При движење на автобус во Скопје вчера се случила страшна несреќа кога патник паднал и тешко се повредил.

МВР информира дека во 13 часот и 03 минути на крстосница од улиците „Христо Татарчев“ и „Народни Херои“ во Скопје, при движење на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од 56-годишниот Ј.К. од Скопје, во автобусот паднал и со тешки телесни повреди се здобил 54-годишниот Т.К. од Скопје.

Тој бил пренесен во Градскатаопшта болница „Св.Наум Охридски“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега