Двајца скопјани нападнати од непознати лица

Две лица биле нападнати вчера поради се уште непознати причини во Скопје, соопшти полицијата.

Според пријавено вчера околу 16 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, И.А.(30) од Скопје пријавил дека на истиот ден околу 15.50 на улица „1596“ физички бил нападнат од четири непознати лица.

Нешто подоцна во текот на вчерашниот ден во 19 часот и 30 минути во Полициската станица Центар, С.А.(35) од Скопје пријавила дека иститот ден во 18 часот и 10 минути на улица „Кеј 13 Ноември“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од две непознати лица.

 

Полицијата работи на расчистување и на давата случаеви.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега