МВР со детали: Малолетно девојче од Прилеп паднало во провалија, извлечено со хеликоптер

 

Малолетно девојче од Прилеп паднало во провалија и се здобило со повреди, па поради непристапноста на теренот бил повикан и хеликоптер.

Имено вчера во 7 часот и 44 минути во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на местото викано ,,Чуле" на Селечка планина, атар на село Селце, прилепско, 15-годишно девојче од Прилеп паднало во провалија.

Според пријавеното, полициски службеници веднаш излегле на местото и бидејќи теренот бил непристапен била повикана алпинистичка екипа од Единицата за специјални задачи при МВР и хеликоптер на МВР, кои во најкратко можно време пристигнала на местото и го извлекле девојчето, кое било префрлено во болницата во Прилеп.

Во разговор со полициските службеници девојчето изјавило дека при пешачење се лизнало и паднало во провалија. За настанот е известен и Јавен обвинител. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2019 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега