Уапсено 19 - годишно момче од струшко: Во ранецот му пронашле дрога

Уапсено младо момче од струшко, откако полиција вчера ги сопрела, а во неговиот ранец пронашла дрога.

Според пријавеното, вчера во 21.20 часот на регионалниот пат Струга-село Радожда, полициски службеници запреле патничк возило „Фиат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(21) од село Велешта, струшко, во кое како сопатник бил А.О.(19) од село Биџево, струшко.

При преглед на А.О, во неговиот ранец,  биле пронајдени и одземени кеси со марихуана и кеса со прашкаста материја.

А.О. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2019 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега