Змија каснала човек, а потоа тој ѝ возвратил - ја соџвакал на парчиња, па завршил во болница
Неверојатен случај се случил во Индија која еден човек го каснала змија, а тој ѝ се одмаздил така што сам ја убил и изел.
Раџ Кумар се одморал во својот дом кога во куќата му влегла змија и го каснала.
„Змијата го касна. Се сврте, ја касна и тој и ја изџвака на парчиња“, рекол неговиот татко Бабу Рам.
Семејството го однело во болница, а локалните медиуми пишуваат дека состојбата му е критична.
„Ова е навистина чудно. Сум видел и претходно случаи кога змија каснува човек, но никогаш човек да касне змија и да ја понесе со себе во чанта“, рекол докторот, пишува Ројтерс.
30.07.2019 - 11:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа