Позната причината за избувнување на пожарот во „папагал“ зградата - МВР со детали

Пожарот што избувна синоќа во зградата „папагал“ на булеварот „Климент Охридски“ во центарот на Скопје е целосно изгаснат.

 

МВР информира дека вчера во 20:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан сопственост на 55-годишната Л.П. избувнал пожар, предизвикан од плинска боца.

Од страна на Единицата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2019 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега