Прегазен малолетник во тетовско - итно однесен во болница

Малолетник се здобил со тешки повреди откако бил удрен од автомобил „БМВ“.

Од МВР информираат дека несреќата се случила вчера во 11:30 часот во тетовското село Калник.

-Патничко моторно возило „БМВ“ со италијански национални ознаки, управувано од Ј.А.(20) од село Калник, удрило во малолетник од село Боговиње-тетовско, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово за укажување на лекарска помош, велат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2019 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега