Тешка несреќа на обиколница: БМВ се заби во полициско возило, има повредени

Двајца полицајци се однесени на Клиника откако вчера на обиколница се случила страшна несреќа кога тетовчанец со возилото се забил во полициско возило.

МВР информира дека несреќата се случила во 5 часот на обиколница во близина на клучка Радишани, кога 30-годишниот З.П. од селото Одри, Тетово управувајќи возило „БМВ“ удрил во возило „Шкода јети“ и двајца полициски службеници.

Полициските службеници се здобиле со повреди и се пренесени во комплекс клиники Мајка Тереза, а возачот на БМВ во ГОБ Св. Наум Охридски.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2019 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега