Загубил брзина па возилото се запалило - Драма на патот Скопје-Гевгелија

Вистинска драма се одвивала на патот Скопје-Гевгелија кога вчера возило почнало да ја губи брзината, по што се запалило на патот.

МВР информира дека во 14,10 часот во Полициската станица Валандово, додека 39-годшниот И.Д. од Србија управувал патничко моторно возило марка „БМВ 320 ГТ“ со српски национални ознаки, по автопатот Скопје - Гевгелија возилото почнало да ја губи брзината, по што се паркирал на лентата за принудно запирање и забележал чад од возилото, а потоа и пламен.

Пожарот бил изгаснат од противпожарна екипа од Гевгелија.

Од полициски службеници од Полициската станица Гевгелија извршен бил увид на местото на настанот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2019 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега