Детали за грабежот кај Глумово: Им впериле пиштол во глава на вработените

Во СВР Скопје утрово во 4:15 часот било пријавено дека на наплатната рампа „Глумово“ две лица со закана со оружје извршиле разбојништво, при што го одзеле дневниот промет.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Како што дознава КУРИР две наоружани лица со фантомки на главата извршиле грабеж на патарината и ги држеле вработените во заложништво. Еден од вооружените крадци ги стопирал возилата кои се обраќаат на таа линија, а другиот со вперен пиштол кон главата на вработените барал пари. Крадците започнале и да ги кршат и вратите на кабините во кои биле вработените за да и од таму земат пари. По грабежот тие се качиле на мотор кој бил паркиран и избегале во правец на Скопје.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2019 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега