Го отвориле пасошот па сфатиле со кого имаат работа - Апсење на скопски Аеродром

Турчин бил приведен на Аерородромот во Скопје откако полицијата сфатила дека сака да ги измами со фалсификат косовски влезен и излезен штембил и еден мкд влезен штембил.

МВР информира дека настанот се случил вчера во  08 часот и 10 минути на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од  Македонија, а приведен бил 44-годишниот C.M. од Турција, кој покажал австриска патна исправа каде био страната не била оргинален образец, туку бланко образец со вметнати податоци, а на една од страниците имало два фалсификувани косовски влезен и излезен штембил и еден мкд влезен штембил.

 При извршен преглед кај истиот биле пронајдени и фалсификувана австриска лична карта.

Лицето било предадено на полициски службеници за понатамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2019 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега