ВМРО-ДПМНЕ: Заев не презема ништо за „Рекет“, го штити криминалот

Зоран Заев ја претвори државата во дувло на криминал, корупција, рекет, поткуп, закани, уцени и пресметки со политички неистомисленици. Скоро еден месец македонската јавност е сведок на најголемиот скандал со рекетирање на бизнисмени, а Заев не презема никаква одговорност, туку го штити криминалот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Четири недели нема проширување на истрагата, иако цела јавност слушна дека Заев бил информиран што прават Боки Тредичи, Зоки Милевски и Катица Јанева. Никој не верува во приказната дека Боки Тредичи е толку моќен за да може да тропне на која било врата и да бара рекет од милиони евра, а претходно да не добие одобрение и поддршка од Зоран Заев.

Јавно прашуваме до кога криминалната власт во коалиција со Русковска обвинителството ќе се обидуваат да ја замајуваат јавноста и да го прикриваат целиот случај? Дали Русковска мисли дека со одолговлекување ќе успее да ги амнестира од одговорност за сторениот криминал, а со тоа ќе го спаси и Зоран Заев?

Дали се точни информациите од страна на медиумите дека на Зоран Милевски-Кичеец кој е осомничен за рекетирање му е доделен статус на заштитен сведок од страна на СЈО?

СДСМ и Заев ја ставија државата во служба на мафијата. Целата домашна и меѓународна јавност повикува на одговорност и прави притисок за целосно расчистување на случајот Рекет.

Јавното обвинителство мора да работи во служба на законите и Уставот, а не во служба на криминалот на аболицираниот Заев и неговата влада.

Јавното обвинителство мора да се ослободи од канџите на криминалната влада на СДСМ и веднаш да донесе одлука за проширување на истрагата и притвори бидејќи постои опасност од уништување на доказите, влијание врз сведоци или бегство.

ВМРО-ДПМНЕ бара Јавно обвинителство кое ќе биде непристрасно, професионално, независно и отпорно на политичките влијанија и уцени од страна на СДСМ и Заоран Заев.

Ова мора да престане. Потребна е обнова на Македонија, а тоа е можно само доколку Зоран Заев и СДСМ заминат час поскоро. Време е граѓаните да си ја вратат државата. Да ставиме крај на криминалот, корупцијата и скандалите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.      

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2019 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега