Унчевски: СДСМ ги решава проблемите кои ВМРО не сакаше да ги реши 11 години

Она што ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да го направи 11 години, Владата на СДСМ успеа да го реализира. Ова денеска го истакна Саше унчевски од СДСМ.

 - СДСМ го слуша гласот на граѓаните и ги решава нивните проблеми.

  Благодарение на градската власт предводена од СДСМ, конечно, жителите на Аеродром добија реконструирана главна сообраќајница, а тоа е булеварот „Февруарски поход“ во населбата Ново Лисиче, која со години беше оставена оштетена и небезбедна за сообраќај. Наскоро булеварот ќе добие нов лик како што ѝ прилега на една урбана општина. Наш приоритет е секогаш да обезбедиме сигурни и безбедни коловози за граѓаните. Владата на СДСМ успеа да реализира уште еден капитален проект што е од огромно значење, пред сè, за жителите на Долно Лисиче. Имено, станува збор за целосно нов реконструиран пат, кој претходната власт на чело со Груевски и ВМРО-ДПМНЕ свесно го игнорираше, вели тој.

 Патот во должина од четири километри беше еден од 12-те најоштетени делници, а неговата реконструкција се реализира во соработка со Светска банка, која обезбеди 14 милиони евра за оваа намена. Со реализацијата на овој проект долгорочно се реши повеќегодишниот проблем со несоодветната инфраструктура за локалното население.

 - Со одлична динамика се реализираат и сите други капитални инвестиции. На сите полиња државата забележува реален раст. Денес парите на граѓаните не се трошат за лажен барок, споменици и криминални тендери, туку за капитални инвестиции кои обезбедуваат подобар живот за граѓаните, додава Унчевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.08.2019 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега