ВМРО-ДПМНЕ: Сите видоа и слушнаа дека Катица е рекетар на Заев
Катица Јанева е рекетарот на Зоран Заев. Цела македонска јавност знае дека главата на октоподот е единствениот аболициран премиер во Европа. Русковска и Јовевски и натаму се ставаат во заштита на криминалот, во заштита на Зоран Заев кој е на чело на операцијата за рекетирање на политичари, бизнисмени, македонски граѓани. Ова го велат денеска ВМРО-ДПМНЕ.
- Сите слушнаа како Боки 13, го споменува името на Зоран Заев во една од аудио снимките на „Ла Верита“ и како тоа тој нема да прави проблеми за рекетот. Сите слушнаа како Боки 13 откако рекетира, заминува на средба со Заев. Сите освен Русковска и Јовевски кои на прес конференција лажеа и тврдеа дека нема вмешано политичари во аферата „Рекет“. Што се случи со Коки, Кики, Фрики, Шеки и останатите членови на рекетарската банда, што се случи со градоначалниците на СДСМ кои потпишуваа меморандуми за соработка со невладината организација на чие чело беше Боки 13, а за која сега постои основано сомневање дека служела за перење пари. Дали „истрагата“ на Русковска не се проширува бидејќи и самата знае дека доколку истата ги зафати пипците на октоподот, ќе се стигне до главата? Зошто Русковска упорно го штити и амнестира Зоран Заев? Правда во Македонија одамна нема, правната држава ја укина човекот кој никогаш не се соочи со правдата, човекот кој три пати е амнестиран за тежок криминал, Зоран Заев, велат тие.
Според партијата, вистината секогаш излегува на виделина, Зоран Заев е спремен да ги предаде своите најблиски соработници за да купи уште малку време, за да краде и рекетира. деновите во премиерската фотелја му се избројани. Граѓаните ќе ја казнат оваа криминална рекетарска банда на чело со Зоран Заев, а тогаш ќе одговара за сите злодела и криминали, а ќе одговараат и оние кои се ставија во заштита на криминалот, наместо да го гонат истиот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа