СДСМ: Додека ВМРО делува по насоки од Будимпешта ние сме државотворна партија

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ. Белиот дворец останува симбол на одбрана на криминалот, симбол на лажните вести и деструктивното однесување на штета на граѓаните и државата. Ова денеска преку соопштение го велат од СДСМ.

 - Опозициската партија предводена од Христијан Мицкоски останува длабоко заглавена во матрицата на Никола Груевски која сака да ја врати државата назад во темното минато на изолација и неизвесност. Oбидите да се попречи правдата, да се закочат реформите, да се блокира интеграцијата во ЕУ и НАТО, се доказ дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна, СДСМ постојано се менува во интерес на граѓаните и државата. Последните промени во раководството на партијата се нова, дополнителна енергија за забрзување на напредокот, велат СДСМ.

 

 СДСМ е препознаена како одговорна, државотворна партија која отвора шанси за младите.

 - СДСМ останува со граѓаните и продолжува да се менува во нивен интерес.ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на деструктивната матрица и продолжува да делува по насоките од Будимпешта, велат тие.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.08.2019 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа